Свеж спакуван

Иновираме заедно за современиот потрошувач

Во сите земји каде има супермаркети, таму сме и ние. За да ги задржите потрошувачите во иднина, од клучно значење е да знаете што сакаат. Ние на пример, знаеме дека современиот потрошувач прави избор за здравје, вкус и погодност. Во тесна соработка со нашите партнери во бизнис-ланецот развиваме иновативни производи и маркетинг концепти кои ги задоволуваат овие барања. На овој начин имаме за цел да додадеме вредност во нашата соработка со пакувачите и трговците на мало.

Најдобрите сорти

Се разбира, приоритет број еден е производството на добар компир. Нашиот сектор вкрсувач секогаш ги бара најдобрите сорти. Подобрувања се направени во областа на отпорност на болести и суши, штетливост и рок на траење но исто така и кога станува збор за вкус и здравствени аспекти. Факти кои не се важни само за одгледувачот и пакувачот туку и за потрошувачот.

Здрава и одржлива

Компирите се здрави, вкусни и одржливи. За жал, многу (помлади) потрошувачи не се свесни за овие аспекти и затоа мораме да продолжиме да го промовираме свежиот компир со посочување на неговите позитивни квалитети!