ОДГЛЕДУВАЧКИ ПРАВА
ОДГЛЕДУВАЧКИ ПРАВА
Правата на одгледувачите заштитени во "Breeders Trust"
Без иновации, нема иднина. Но иновацијата бара многу пари. На пример, развојот на нова сорта на компири трае најмалку 10 години и чини 3 милиони евра! А што ако некој друг го искористи тоа? Затоа постои организацијата Breeders Trust.
Организацијата беше основана во 2008 година од незадоволство од фактот дека во целиот свет семето беше репродуцирано и продавано илегално, а правата на одгледувачите беа повредени. Иницијатори беа девет водечки производители на семенски компир, вклучувајќи го и HZPC. Заедно, тие бројат повеќе од 80% од ново создадените видови компири во ЕУ. Breeders Trust Ltd. е прилично мала организација со седиште во Брисел а го има светот како нејзино поле за работа.